Обвинителството ќе го повлече или преквалификува обвинението во „Поткуп“, Заев ќе дава исказ
објавено:

Зоран Заев, обвинет за примање поткуп во случајот со продажба на државно земјиште во Струмица денеска треба да даде исказ во кривичниот суд во рамки на предметот „Поткуп“.
По ова, на потег е Јавното обвинителство за организиран криминал, од чија одлука како ќе постапи со обвинението ќе зависи и судската одлука.
Заев сега е обвинет за примање поткуп, по ставот 5 од посоченото дело, како за завршена работа и за која се предвидени посебни истражни мерки (видео снимката што беше изведена како доказ но гледана на затворено судење за јавност).
Доколку обвинителството остане на ваквото обвинение во кое вели дека примил пари, и да може да ја користи снимката од ПИ мерката како доказ, на судот не му останува ништо друго туку да донесе ослободителна пресуда, бидејќи ќе утврди дека „нема докази за земени пари“.
Во овој случај, ослободителната за Заев би била по вина на обвинителот Влатко Милошевски кој од почеток ја водел истрагата и го напишал обвинението.
Доколку сегашната обвинителка Валентина Бислимоска се одлучи да изврши преквалификација на делото, во обид, регулирано во ставовите 1 или 2 на истиот член кој го регулира „поткупот“, тогаш ќе се доведе до ситуација да има обвинение за дело за кое се договара поткуп, што е казнинво несомнено, но во таков случај ќе отпаднат ПИ мерките како докази, затоа што не се предвидени за таа квалификација.
И во тој случај, Судот би донел ослободителна, бидејќи нема докази!
Третата опција што и стои на обвинителката Бислимоска е да го повлече обвинението и тогаш судот би донел одбивателна пресуда. Но, оваа варијанта би била потешко остварлва затоа што обвинителството и по промена на обвинителите продолжи да го застапува обвинението убедено дека Заев барал поткуп од по 3 евра за метар државно земјиште за кое купувачот требало да плати по 71 денар пазарна цена, а 3-те евра да бидат распоредени: 1 евро за СДСМ, 1 евро за Црквата и 1 евро за Заев, а парите требало да ги однесе во менувачницата на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев.
На денешното судење Зоран Заев треба да даде исказ, по што би се извеле дополнителни докази доколку ги иима и со тоа финишира судењето за „Поткуп“.
Пресудата се очекува да биде соопштена многу брзо, а таа треба да и биде „виза“ на судијката Добрила Кацарска која ќе стане Претседтел на Апелациониот суд во Скопје. Изборот за претседтел на скопска Апелација не беше направен на жестоко инсистирање на членовите на Судскиот совет Влатко Самарџиски и Владе Богдановски кои бараа дополнително, вонредно оценување на кандидатите од скопска единица, бидејќи првиот судија од „единица' беше 6-ти на ранг листата на кандидати за Претседтел во Апелација, па со вонредното ќе им се додадат бодови од оваа година, зашто во претходните, како што изјавиле судиите Владимир Панчевски не им давал предмети во работа.
Ваквото тврдо инсистирање за повторно оценување само на кандидатите од единица дојде откако Иван Џолев, сегашниот претседател на судот ги вработи синовите на двајцата членови на Судскиот совет, на Влатко Самарџиски и Владе Богдановски.
Зоран Караџоски, Претседател на Судскиот совет за Сведок потврди дека знае за вработување на синовите на членовите на Судскиот совет во Кривичниот суд, но како што тврди, Судскиот совет немал надлежност над тоа, иако јасен е судирот на интереси, членовите бараа стопирање на изборот на претседтел, токму за да им дадат дополнителна шанса на судиите кај кои работат сега нивните синови.